Внесување на издавачот Мермерен комбинат АД Прилеп на „Листата за набљудување“
четврток, 31 август 2023

Ве известуваме дека на 31.08.2023 година донесен е заклучок за внесување на издавачот Мермерен комбинат АД Прилеп на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Мермерен комбинат АД Прилеп на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена намера за давање јавна понуда за преземање на друштвото.